Две жени се повикани во полиција по ширењето објави дека скопската вода не е за пиење, дознаваме од свои извори.
Претходно денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека станува збор за оркестриран напад од опозицијата и дека очекува кривична одговорност за оние кои ширеле паника дека водата во Скопје не безбедна за пиење и има ешерихија коли.
Денеска на прес-конференција властите кажаа дека сите испитувања покажале дека водата е безбедна за пиење.


