Во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови, две постари скопјанки биле мета на насилници кои со употреба на физичка сила им го одзеле имотот.
Првиот инцидент се случил во Ѓорче Петров околу 13:30 часот, кога 64-годишната О.Т. била нападната од непознато лице кое ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Само неколку часа подоцна, во 01:00 часот по полноќ, слично сценарио се одвивало и во општина Аеродром. Таму, 61-годишната Е.М. пријавила дека насилник физички ја нападнал и ѝ ја одзела чантата во која имало паричник, лични документи и два мобилни телефони.
Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат интензивни мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случаите.

