Две средновечни жени завршија на Токсикологија поради вдишување чад: Позната е нивната здравствена состојба

 

Две средновечни жени се однесени на Токсикологија поради вдишување чад од пожарот кој изутрината избувна во Унверзалната сала. Екипата на Итната медицинска помош им укажала помош на терен уште на две жени, но немало потреба од нивна хоспитализација.

Директорот на Клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски вели дека според првичните анализи, двете жени се во добра здравствена состојба.

-Досега има донесено две средновечни жени кои што се од соседната зграда. Кога се случил пожарот, со оглед на тоа дека им била отворена тендата, излегле надвор да ја затворат при што поголема количина на чад влегла и внатре во просторијата кадешто живеат. Едната имала мали проблеми околу свеста, меѓутоа не изгубила свест. Донесени се двете тука. Моментално се се уште под опсервација. Добри се првите анализи, се надеваме дека по неколкучасовна опсервација ќе можат да ја напуштат клиниката, вели Беќаровски.

09.04.2024 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега