Две пожарни на терен: Тенџере заборавено на шпорет во центарот на Скопје

Две пожарникарски возила утрово интервенирале во центарот на Скопје, во познатата „папагал“ зграда на булеварот Климент Охридски.

Како што објави порталот Вечер, пожарникарите пристигнале на повик на граѓани кои пријавиле дека од еден од становите во зградата почнал да се шири чад.

Противпожарната екипа навреме пристигнала и не дозволила да се случи поголема трагедија.

Според објавата на порталот, причината за пожарот наводно е заборавено тенџере на вклучен електричен шпорет.

 

01.12.2022 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа