Две неработни дена и два споени викенди во октмоври - убаво испланирајте си го времето

Месец октомври ни носи два неработни дена, а со нив и двапоени викенди.

Едниот се паѓа на 11 октомври, додека другиот е на 23 октомври.

Ова се неработните денови кои остануваат до крајот на годинава: 

За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега