Две малолетни лица тешко повредени во сообраќајна несреќа во Кочани

 


Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Л.П.(66) и мопед „априлиа“ со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетничка, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и нејзиниот малолетен сопатник од село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. 

22.10.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега