Две лица се затруле на свињарска фарма, едниот починал на лице место
Ужасни вести доаѓаат од светиниколското село Амзабегово каде две лица се затруле од хемиска материја во фарма. Едно лице починало на лице место, а другото било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Целиот случај е потврден од страна на портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА вели дека во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.
– Настанот во СВР Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје – вели Панајотова.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа