Две лица се обиделе да ja поминат границата на Табановце со туѓ пасош

 

Две лица од Албанија во текот на вчерашниот ден се обиделе да поминат на Граничниот премин Тебановце со туѓа патна исправа, соопшти МВР.

Во првиот случај, по извршена пасошка контрола бил приведен М.Ц.(25) кој на увид дал патна исправа на име на Ц.А.(30) од Албанија.

Неколку часа подоцна, за влез во Македонија по извршена пасошка контрола бил приведен А.С.(37) од Албанија кој на увид дал патна исправа на име на С.А.(34).

Двајцата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Прекршокот за кој се гонат е „послуга со туѓа патна исправа“.

26.03.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа