Две лица приведени во Тетово поради поседување на дрога и оружје

Полицијата во Тетово уапсила две лица во два одделни случаи. Еден од нив поради поседување на оружје, а другиот поради поседување на дрога.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(77) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 12.04.2020 на ул.„176’’ во Тетово, полициски службеници при преземање мерки за почитување на полициски час го лишиле од слобода Р.А., а при преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол калибар 7,65 мм и седум куршуми калибар 7.65 мм, кои ги поседувал и држел без дозвола.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Р.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 05.09.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во патничко возило „пасат“ во негова сопственост, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега