Две лица позитивни на Ковид-19 од Неготино се хоспитализирани во Велес

Регистрирани се уште две лица позитивни на корона вирус од Неготино и истите поради симптоми на болеста се хоспитализирани на одделение во болницата во Велес. Станува збор за жена на возраст од 54 години и маж на возраст од 63 години, пишува „Фокус“.

 

Исто така, до овој момент се пристигнати позитивни резултати за четири лица во Кавадарци, на возраст од 47 до 64 години. Тие се со лесна клиничка слика и остануваат на домашно лекување. Од Центар за јавно здравје Кавадарци велат дека се очекуваат уште резултати во тек на денот, а се работи на утврдување на контактите на новите пациенти.

-Од она што го имаме сега, овие случаи не се меѓусебно поврзани. Според изјавите на новорегистрираните позитивни лица, никој од нив не знае како, односно од кого се инфицирал. Ги бараме лицата со кои биле во контакт изминатите две недели, а очекуваме резултати и за други граѓани на кои им е земен брис- изјавија од центарот.

Според досегашните бројки, во Кавадарци има 79 активни случаи, а во Неготино 13. Вчера во Кавадарци беа регистрирани рекордни 14 позитивни случаи, а во Неготино три, од кои пациент на 50-годишна возраст е на болничко лекување, додека останатите се на домашно лекување, со полесни симптоми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа