Две лица натепале полицајци додека си ја извршувале должноста

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(53) од Македонска Каменица и Г.Д.(48) од с.Истибања, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 20.12.2021 во Македонска Каменица, на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Рударска“, пријавените спречиле полициски службеници во вршење на службени дејствија, однесувајќи се агресивно кон нив, по што Љ.Ј. физички нападнал еден од полициските службеници.

25.01.2022 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега