Две лица нападнале полицаец струшкото село Велешта

Околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, В.Ќ (31) и А.Ќ.(28) двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.

Тие упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега