Две девојчиња си играа покрај езеро во Кина, а потоа почна борба за живот- само чудо ги спаси (ВИДЕО)

Како комбинација на досада и љубопитност сешто може да се случи, посебно кога се во прашање деца.

Две девојчиња, не постари од 7 години, си играле околу езеро во Кина, не се ни надевале дека за еден момент ќе се борат за живот.

Иако и двете не знаеле да пливаат се вртеле и си играле околу езерото, а тошаш една од нив се лизна и падна во водата.

Другото девојче  се обиде да повика помош, а кога се обиде да и помогне на својата другарка пада и таа во езерото.

Имаа среќа што во близина неколку возрасни лица ги слушнаа нивните крици за помош, па една жена веднаш скокна во водата и спаси една од нив, додека другата веќе беше подалеку.

Набрзо пристигнаа и други, па веднаш скокнаа во езерото и успејаа да ги спасат и двете девојчиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега