Двајца скопјани ограбиле објект, ама полицијата ги фати дело - ќе одговараат кривично
Двајца скопјани ќе одговараат кривично, откако во текот на вчерашниот ден се товарат дека извршиле тешка кражба во објект во Скопје.
„Денеска (08.06.2023), полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.06.2023 извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул.„Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, изјавија од МВР за „Прес24“.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа