Двајца починати од ковид, за една недела пријавени нови 213 нови позитивни случаи
Од вкупно направени 597 теста, за една седмица во земјава се регистрирани 213 нови позитивни случаи на ковид-19, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај.
Во седмицата од 19 до 25 август регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од случаите биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – 17. Заболените се од сите возрасни групи, а најголем број од нив се над 60 години.
ИЈЗ информира и за две починати лица на возраст од 48 до 88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови. Едното лице било невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против ковид-19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа