По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.
Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности.
Актуелно
- Петти ден протести во Сараево: Северина ја поддржа младината по трагичната несреќа
- Се засилува воената соработка: Русија и Иран испратија моќна порака до Вашингтон преку поморски вежби
- Во Тетово полицијата одзеде три возила
- Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
- Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
- Завршни зборови во Хаг: Лидерите на ОВК негираат вина, обвинителството бара по 45 години затвор
- Данскиот крал во посета на Гренланд
- (ФОТО) Од Зелен хуман град бараат да се најде кој носи кучиња од други градови во Скопје


