Двајца кумановци измамени во Германија - не им била исплатена плата и не им биле обезбедени документи за престој

Двајца Кумановци, во полицијата пријавиле дека по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде започнале со работа во градежна фирма.

Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.

Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега