Двајца Кубанци протерани од Македонија - добија забрана за влез 5 години

На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

– Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба. Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години, соопшти МВР.

Од Министерството наведуваат дека двајцата Кубанци ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка.

18.09.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега