Двајца 19-годишници излетале од пат кај Кучково – итно биле пренесени во Комплексот клиники

Двајца 19-годишнции вчера вечерта излетале од пат кај селото Кучково и се здобиле со повреди.

-Синоќа во 00.40 часот било пријавено дека на локален пат во с.Кучково, скопско, патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е.(19), кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега