Дваесетина борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во Сирија по земјотресот

 

Дваесет борци на „Исламска држава“ избегаа од затвор во северна Сирија, искористувајќи го хаосот предизвикан од разорниот земјотрес во областа на турско-сириската граница, јави ДПА.

Цитирајќи ги затворските власти, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека членовите на групата Исламска држава биле во затвор во северниот дел на Алепо. Тоа е еден од регионите кои беа најмногу погодени од земјотресот.

Според групата за заштита на човековите права, тие биле прошверцувани од затвор за суми пари кои се движеле од 1.000 до 3.000 долари по член на бандата.

- Она што го дознав од моите извори е дека по земјотресот настана хаос, овие припадници на Исламската држава можеле да го организираат своето бегство со некои од чуварите за време на хаосот, изјави шефот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман за ДПА.

Рахман рече дека во минатото членовите на Исламската држава плаќале за да бидат изнесени од затвори или од самата Сирија.

Во затворот има десетици граѓани на градот Африн, кој моментално е под контрола на сириските бунтовнички сили поддржани од Турција. 

07.02.2023 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега