Два земјотреси во Романија во рок од три минути

 

Два земјотреси со јачина од 3,3 и 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погодија Романија во интервал од три минути во областа Горц, покажуваат податоците на Националниот институт за истражување и развој на физиката на Земјата (INCDFP).

Како што јави агенцијата Аѓерпрес, првиот земјотрес со јачина од 3,3 степени се случил во 13:54 часот по локално време, на длабочина од 15 километри, 107 километри северозападно од Крајова.

Вториот земјотрес, со јачина од 3,1 степени, се случи во 13:57 часот по локално време, на длабочина од 5 километри, во близина на Крајова, Сибиу, Питешти, Темишвар, Арад и Клуж-Напока.

19.02.2023 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега