Два месеци ни трага ни глас од Миле - "Живееме во агонија"
Два месеци се трага по младиот Миле Тодоров, а семејството и пријателите неутешни бараат помош во потрагата за момчето од Неготино.
Неговата сестра Марија Атанасиевиќ, се огласи на Фејсбук со потресен статус.
- Од 30-ти јануари е исчезнат брат ми Миле Тодоров (28), од тогаш нашето семејство живее во агонија. Апелираме доколку некој има било каква информација, да не се двоуми и да каже што знае. Последната трага е забележан од камери, но и од очевидци, како пеш од Кавадарци се упатува кон Неготино, последен пат виден кај Марена, каде беше пронајден и неговиот мобилен телефон. Миле е високо момче со спортска градба, со зелени очи и светло кафеава коса, последен пат забележан облечен во работничка облека сиви панталони , бело палто и црн елек, напиша сестрата на исчезнатиот Македонец.
Таа и претходно се огласи на Фејсбук: - „Некогаш Господ нѐ става во тешки искушенија да види колку ќе издржиме. Ние, не се откажуваме. Ќе се бориме за тебе, се додека не те најдеме. Премногу фалиш и боли бидејќи и овој ден не си со нас. Ќе бидеме храбри и истрајни додека не те видиме“.
Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, личната карта и пасошот му се дома.
Миле е висок околу 185 сантиметри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа