Два хороскопски знаци најчесто завршуваат со секс на првиот состанок
Според астролошката анализа Водолиите се најспремни да одат до крај со некој кого штотуку го запознале.
Повеќе од 15 отсто од Водолиите велат дека кај нив првиот љубовен состанок обично завршува со секс, зашто веднаш сакаат да дознаат дали има смисла да се гледаат со личност која штотуку ја запознале, покажуваат резултатите на порталот за спојување парови „Plenty of Fish“.
Освен тоа, припадниците на овој хороскопски знак сакаат да проверат дали можат да му веруваат на својот инстинкт. Тоа првенствено ќе го направат ако некој навистина им се допаѓа.
Ниту рибите не се далеку
Втор во редот кој „оди до крај“ на првиот состанок е Рибата, а 11 отсто од припадниците на овој знак признале дека тоа им е пракса.
Вагите се најскромни
Најмалку шанса за секс на прв состанок даваат Вагите. Тие сакаат да водат игри на заведување и исчекување, а важно им е да добијат чувство на почит, како и вистински увид во личноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа