Вистинска драма се одвивала во Бања Лука каде полицијата го уапси Д.Д. осомничен дека нападнал полицаец.
При тестирањето, кај него било утврдено околу 3,7 промили алкохол во крвта.
Според полицијата, лицето се однесувало непристојно во угостителски објект во Бања Лука на 20. март, а потоа при извршување на службена акција физички нападнало полицаец, кој бил повреден и му била укажана лекарска помош во Итната медицинска служба во Бања Лука.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

