Душа и срце планина: Ѓоковиќ му донесе насмевка на Петар, а ја „расплака“ Македонија (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина. Тој израдува момче од Македонија.

Петар е голем обожавател на Ноле, а тој му испрати видео со поздрав и бакнеж за него.

-Здравоо Петре, Пецо мој... Како си? Ти испраќам еден голем поздрав, еден бакнеж и огромна прегратка од Белград. Се надевам дека наскоро ќе се видиме и запознаеме. Те сакам многу, чувај се, вели Ноле во видеото.

Таткото на Петар, Зоран Мијалков преку Твитер истакна дека по ова тој конечно легнал насмеан.

-Голема благодарност за Ноле. Кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред се Човек со голема душа и срце. Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш. Легна да спие насмеан. Инаку од новата терапија со денови се случува да нема насмевка на неговото лице, напиша Мијалков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега