Министерот за економија и труд на Република Северна Македонија оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. г. Кристоф Зомер, на која беа разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. 

На средбата  беше ставен посебен фокус на зголемување на трговската размена, поттикнување на швајцарските директни инвестиции, како и продлабочување на соработката во областа на одржливиот економски развој и креирањето работни места.

Министерот истакна дека, и покрај добрите политички и дипломатски односи меѓу двете земји, постои значителен неискористен потенцијал за поинтензивна економска соработка, особено во производството, индустријата, иновациите и зелената економија. Во тој контекст, беше нагласена важноста од промоција на поволната бизнис-клима во Северна Македонија и можностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони.

Exit mobile version