Дурловски ја напушта пратеничката фотелја: Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта пратеничката фотелја, но вели дека ќе остане доследен на неговите поддржувачи и нивниот глас.

-Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.  Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам, напиша Дурловски на ФБ.

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети....

Posted by Igor Durlovski on Thursday, 22 October 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега