Дуќанџии од „Бисер“ алармираат за дивоградба - сопственикот негира

Здружението на сопственици на локали од ТЦ „Бисер“ во Аеродром тврди дека пекарницата „Силбо“, односно дека нејзиниот сопственик нема никаква дозвола за објектот и дека премиерот Зоран Заев треба да го сруши, објави Алсат-М.

Почитуван премиер… Ве повикуваме да се уверите дека оваа дивоградба на пекарница „Силбо“ е повеќе нелегална и побесправна од онаа во ТЦ „Мавровка“, се вели во текстот од сопственици на локали во „Бисер“.

Сопственикот на „Силбо“ Силјан Милев ги отфрли ваквите тврдења. Според него, со здружените сопственици на локали во „Бисер“ има судски спор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега