ДУИ: ВМРО е фабрика за лажни вести и Гебелска пропаганда

 

Опозоциската ВМРО ДПМНЕ веќе со години прерасна во фабрика на лажни вести и пропаганда налик на Гебелс каде што креираат непостоечко прашање и го повторуваат се додека не започнат и самите да му веруваат, велат од ДУИ.

„Лажни вести за Албанскиот јазик, лажни вести за мигранти, за Преспански Договор, за Бугаризација, за инфлацијата, за коридорот 8, за енергетската криза, за пандемијата, за Данела Арсовска, за наводна корупција, како и многу други теми. ВМРО покрај лажните вести, јасни и гласно наговести, дека ги игнорира сите совети и напори на меѓународната заедница за продолжување на европскиот пат на нашата земја“, соопштува ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ планира да ја изолира нашата земја и да ја врати заробената држава“, додаваат од ДУИ и ги повикуваат сите политички партии да ја потпишат иницијатива до Јавното Обвинителство како и до меѓународни институции за како што велат, „целосна истрага на сите наши функционери, власт и опозиција, во последните 20 години како и да поддржат целосен ветинг во политиката, судството и обвинителството“.

05.07.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега