ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада

 

 

ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ, велат од Демократската унија преку соопштение по нападите од опозициската партија за богатење на луѓе блиски до вицепремиерот Артан Груби и директори кои го овозможиле тоа.

Од партијата велат дека ВМРО ДПМНЕ е синомин на корупција, а тоа е потврдено и од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Потврдено е и од Данела Арсовска, додава ДУИ, а го знае секој граѓанин во Северна Македонија и целата меѓународна заедница.

„Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина.

ВМРО ДПМНЕ е во мртва рацистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија. И Мицкоски и Апасиев ги гледаат Албанците само како слуги, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државнии позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Координираните напади со Левица врз Албанците имаат за цел да ја прикиријат и одлуката на Судот за Човекови Права од Страсбург за криминалот и корупцијата на ВМРО ДПМНЕ потврдена од цел свет.

ВМРО ДПМНЕ и Левица се осамени во нивниот коруптивно – заложнички свет и уште долго време ќе останат во опозиција затоа што немаат поддршка и немаат партнер, ниту домашен, ниту меѓународен“, се наведува во соопштението на ДУИ.

19.02.2023 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега