Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56

    Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
    • Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
    • Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Скандал во регионот: Жив пациент прогласен за мртов
    • СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари
    • Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос: Владата е целосно мобилизирана за ЕУ реформите
    • Седнале зад волан без дозволи и со забрани – Уапсени 11 возачи, полицијата прави „чистка“ на патиштата
    • Трамп тврди: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори

    ДУИ: Веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори

    24.10.2025 во 16:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Главниот заклучок од денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше јасен и едногласен:

    Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори!

    Овој став е заеднички и на сите партнери во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција, кои оценуваат дека по три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е јасна, недвосмислена и во поддршка на НАИ,велат од ДУИ.

    „Во период пократок од една и пол година, граѓаните на Република Северна Македонија три пати по ред го дале своето доберба на Националната Алијанса за Интеграција, правејќи ја неоспорен победник на национално ниво.

    На локалните избори одржани во неделата, НАИ повторно ја потврди својата политичка и национална предност.

    Фактите се упорни и непобитни:

    • На изборите за општински совети, НАИ има предност од над 23.000 гласови на државно ниво;

    • Во трката за градоначалници, разликата е над 21.000 гласа во корист на НАИ;

    • Според бројот на советници, НАИ има 159 советници, наспроти 122 од спротивниот политички камп;

    • И, доколку парламентарните избори се одржеа истиот ден, НАИ ќе имаше 20 пратеници, наспроти 15 на политичките ривали.

    На изборите за општински совети, Национална Алијанса за Интеграција победи во огромното мнозинство општини, меѓу кои: Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница, Сарај, Струга, Студеничани, Чашка, Бутел, Велес, Гази Баба, Зелениково, Јегуновце, Крушево, Куманово, Ресен, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош, Маврово и Ростуша, со вкупно 159 советници.

    Во изборите за градоначалници, Алијансата Национална за Интеграција победи во 5 општини: Гостивар, Липково, Врапчиште, Пласница и Чашка, а ќе оди во втор круг во уште 5 општини, меѓу кои: Тетово, Кичево, Струга, Боговиње и Студеничани.

    Во овој контекст, Демократската унија за интеграција оценува дека единствено решение за политичка и институционална стабилност на земјата се предвремените парламентарни избори.

    Граѓаните ја изразија својата волја три пати по ред, и секој обид да се игнорира овој факт е неразумен и антидемократски.

    ДУИ бара мандатот да им се врати на граѓаните. Нека одлучи народот кој ја има легитимноста да ја води државата и да го продолжи евроатлантскиот процес, еднаквото претставување и политичката стабилност.

    ВРЕДИ боледува од синдромот на Газиместан, зборува со патетика, но губи со факти. Додека Националната Алијанса за Интеграција зборува со бројки, со резултати и со легитимитет потврден на секои избори.

    Националната Алијанса за Интеграција е победник на национално ниво. Граѓаните зборуваа јасно. Сега е време политиката да слуша.

    Ајде, веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори!“, стои во соопштението од ДУИ.

    Популарно

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56

    Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 16:48

    Скандал во регионот: Жив пациент прогласен за мртов

    23.03.2026 во 16:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.