ДУИ си купи цела зграда во Тетово

 

Пратеникот на Алијанса за Албанците Аднан Незири на прес-конференција во Тетово рече дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) купила зграда во градот и тоа, според него, отвора сомнежи и потреба истрага да поведе Обвинителството.

Се наоѓаме пред зградата која неодамна ја купи Демократската унија за интеграција, со што стана една од најпрофитабилните партии или единствена во време кога граѓаните и многу компании се соочуваат со тешка економска криза. Набавката на зградата на три ката и со површина од 1400 метри квадратни отвора многу сериозни сомнежи, кои претставуваат предмет за работа на истрагата и обвинителството. Медиумските истражувања дознаваат дека овој објект бил во сопственост на приватна фирма, која потоа го продала на втора фирма, за на крајот да го купи ДУИ. Од компанијата велат дека зградата не била изнајмена, а сите тетовци се сведоци дека со години овде останува натписот на Унијата на младите на ДУИ, истакна Аднан Незири.

Тој постави прашање врз која основа ДУИ го користела овој објект во изминатиот период.

Фирмата која првично беше сопственик на овој објект е позната како една од најпрофитабилните компании која добила многу тендери од институции раководени од функционери на ДУИ. Од оваа партија рекоа дека за купување на објектот добиле кредит од 900.000 евра кој ќе го вратат за седум години. Тоа значи дека ДУИ ќе треба да враќа 128 илјади евра годишно, не сметајќи ја тука каматата. Од каде ќе ги добие ДУИ овие пари, од каде се сигурни дека ќе ги обезбеди. Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека случајно, остатокот или поголемиот дел од овој гигантски објект е во сопственост на Македонска пошта и компанијата Телеком, која во Македонија влезе како инвестиција на компанијата Маџар Телеком. Каква случајност, истакна Незири

07.06.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега