ДУИ: САД, ЕУ, Лондон и Париз ја поддржуваат Eвропска Македонија

 

Демократската унија за интеграција ги поздравува позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука "за" францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија. Оваа порака ја испраќаат од ДУИ, откако вчера беше изгласан „францускиот предлог“ и пристигнаа позитивните реакции од важни политички фигури во светот.

„Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.
Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.

Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не подпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација.
Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано“, стои во соопштението на ДУИ, испратено до медиумите.

Оттаму потенцираат дека Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржувале евро-американските прогресивни сили и немало да дозволат, како што е наведено, отстапување од евроатлантскиот курс на земјата.

17.07.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега