Ова што се случува е повеќе од разочарување – ова е отворено предавство кон секое достигнување за кое се жртвувало со децении. Секогаш кога мислиме дека го допреле дното, тие наоѓаат нов начин да паднат уште подолу. Предлог-законот за „правична и соодветна застапеност“, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок -туку брутален регрес, реагираат денеска од ДУИ.
Предлогот што циркулира во медиумите:
• не предвидува етнички квоти, што значи дека повторно ќе продолжиме како пред 2001 година кога Албанците беа само 0,2% во администрацијата;
• не предвидува обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа при вработување или унапредување;
• не предвидува санкциони одредби.
Со еден збор: закон за измама, стапица, без душа, без правда.
И најголемата иронија? Ветија унапредување на постојните механизми, а во реалност ги уништуваат оние што веќе постојат. Ниту еден елемент во овој предлог не го спроведува духот на Амандманот VI од Уставот. Афирмативната политика е свесно закопана.
Ова не е само политички неуспех, туку намерно враќање назад, кон времето кое Албанците го имаат надминато со многу труд.
И она што најмногу боли: во овој документ што ги гаси правата, стојат и албански потписи.
Ова е црвена линија. Ова е аларм.
Секој што сè уште верува во еднаквост, во застапеност и во достоинство, мора јасно да се дистанцира од оваа неодговорна и опасна политика. Не смееме да молчиме кога се продава сегашноста и се руши иднината, велат од ДУИ.


