Close Menu
    Најново

    „Атлантски бастион“ – нов британски штит против руски подморници и подводни за

    11.12.2025 во 19:10

    Нов закон во Австрија: Девојчињата до 14 години повеќе не смеат да носат хиџаб во училиште

    11.12.2025 во 18:52

    Пролет во декември – температурата во Македонија достигна 17 степени

    11.12.2025 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Атлантски бастион“ – нов британски штит против руски подморници и подводни за
    • Нов закон во Австрија: Девојчињата до 14 години повеќе не смеат да носат хиџаб во училиште
    • Пролет во декември – температурата во Македонија достигна 17 степени
    • Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
    • Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана
    • Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина
    • ЕУ со историcки потег: Договорено трајно замрзнување на руските средства
    • Ќе се отстранува Зимзоленд – две недели работел без ниту една дозвола
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ДУИ по трагедијата во Кочани: Молчевме од почит ама време е за вистината

    ДУИ по трагедијата во Кочани: Молчевме од почит ама време е за вистината

    24.03.2025 во 10:00Updated:25.03.2025 во 16:40
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени.  Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме –  од почит, велат ДУИ преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

    Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели.

    Но молкот заврши. И сега мора да се зборува.

    Од првиот момент на трагедијата, додека пожарот сè уште не беше изгаснат, додека граѓаните во шок бараа одговори и надеж, гледавме како врвот на власта – наместо да сочувствува – започна политичка хајка. Наместо со информации, излегоа со обвинувања. 

    Наместо со смиреност, со закани. Се впери прстот кон другиот, кон минатото, кон тие што не се дел од нив.

    Без да почекаат фактите, ја активираа машинеријата за префрлање вина. Се конструираше приказна според која лиценцата на дискотеката, дадена години претходно за кабаре, стануваше основа за апсење на поранешен министер – со лисици, камери и насловни страници. 

    Иако сите знаат дека лиценците не се трајни, не се автоматски продолжени, сите знаат дека се минати години откако се истечени, а дури И конкретната – фалсификуваната – завршила 3 дена пред трагедијата.

    Сите знаат дека објектот бил запечатен од УЈП пред неколку месеци, а многу наскоро потоа незаконски отворен. 

    Сите знаат дека во објектот редовно имало недозволиво прекубројна публика, а и самата вечер преку 650 луѓе во објект со капацитет од 300. 

    Сите знаат дека објектот редовно бил посетуван од малолетници, исто како и кобната вечер дури и до 3 часот по полноќ. 

    Сите знаат дека на овие забави редовно се користеле пиротехнички средства, и на сите им било јасно дека тоа се прави без дозвола од полицијата, исто како што пиротениката била користена и кобната вечер. 

    И најважно – сите локални институции, од полиција до инспекторати, го знаеле тоа, го гледале тоа, но не смееле да реагираат. 

    Сите сѐ гледале – но цела година – никој ништо не видел.

    Прашуваме зошто? Зошто навреме не видоа и зошто не спречија?

    Бидејќи тоа место не беше обичен локал. 

    Тоа беше неформалното собиралиште на целата  политичка, криминална и бизнис елита на Кочани и поширокиот регион. 

    Од градоначалници, пратеници и партиски претседатели на ограноци, па се до инспектори, командири и функционери – сите биле редовни гости, во блиски релации со сопственикот и неговата екипа; на сите им било јасно дека зад овој објект стојат моќници кои го штитат, и затоа никој ништо не треба да прашува.

    Популарно

    Навивачи од Словачка дивееле во авион на летот до Скопје – им забраниле влез во Македонија

    11.12.2025 во 09:51

    Проблем со Сејф Сити ако имате кола на лизинг

    11.12.2025 во 10:00

    Астрологија 2026: Откријте го вашиот најсреќен месец и како да ги искористите планетарните моќи

    10.12.2025 во 22:01

    Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија

    11.12.2025 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.