Close Menu
Press24
    Најново

    Дизелот поевтинува за 50% – Црна Гора ги намалува акцизите на горивата

    21.03.2026 во 12:39

    Паднаа двајца дилери: Уапсени двајца сограѓани

    21.03.2026 во 12:15

    УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите

    21.03.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дизелот поевтинува за 50% – Црна Гора ги намалува акцизите на горивата
    • Паднаа двајца дилери: Уапсени двајца сограѓани
    • УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите
    • Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци
    • Подгответе се за гужви: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
    • „Правевме роденден за Мики, пола подароци му ги украдоа гостите“- Ужас во скопската Зоолошка градина
    • „Летал со 105 км/ч низ Штип: Полициски пресретнувач „улови“ 21-годишен возач на „Голф“
    • Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    21.09.2025 во 11:342 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на, како што велат, обидите на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата ВРЕДИ да ги контролираат албанските гласови, најавувајќи дека на локалните избори на 19 октомври „ќе победи волјата на народот“.

    „Секојпат кога Мицкоски повторува дека нема да има предвремени избори, тој всушност признава страв од неминовниот пораз што го очекува – и тој и неговиот политички инструмент меѓу Албанците, ВРЕДИ“, се вели во соопштението.

    Од ДУИ велат дека ВРЕДИ не е изборот на Албанците, туку „вазална структура инсталирана од ВМРО-ДПМНЕ за да ги држи Албанците покорени“. Како доказ за тоа, од партијата го посочуваат и јавното признание на Изет Меџити дека власта не зависи од албанските пратеници, туку од волјата на Мицкоски.

    „Албанците нема да дозволат да бидат претставувани од такви политички вазали. Гласот на 19 октомври ќе биде толку јасен што ќе го отвори патот за предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението.

    ДУИ истакнува дека веќе 20 години е столб на еднаквоста, интеграцијата и консензуалното одлучување во државата, и дека ќе продолжи да го брани достоинството на Албанците.

    „Албанскиот глас е слободен, суверен и одлучувачки – и тој ќе ја одреди иднината на државата. На 19 октомври, Албанците самите ќе ги изберат своите претставници. Ќе победи волјата на народот“, се наведува во заклучокот на соопштението.

    Популарно

    Дизелот поевтинува за 50% – Црна Гора ги намалува акцизите на горивата

    21.03.2026 во 12:39

    Паднаа двајца дилери: Уапсени двајца сограѓани

    21.03.2026 во 12:15

    УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите

    21.03.2026 во 11:57

    Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци

    21.03.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.