Close Menu
Press24
    Најново

    Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија

    21.03.2026 во 10:47

    Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

    21.03.2026 во 10:25

    Спасувачка акција во Струмица: Девојка паднала во провалија, пожарникарите со алпинистичка опрема ја извлекувале

    21.03.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија
    • Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии
    • Спасувачка акција во Струмица: Девојка паднала во провалија, пожарникарите со алпинистичка опрема ја извлекувале
    • СДСМ: Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев ги влечат конците зад сцената
    • Македонија се разбуди со минусни температури: Утрово измерени -7 степени
    • Уживајте во денешното сонце – од понеделник голем пресврт
    • Судот му одреди 30 дена притвор на директорот кој беше фатен со 50.000 евра под седиштето на автомобилот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    ДУИ: Мицкоски и Вреди ќе се соочат со јасен пораз на 19-ти октомври

    21.09.2025 во 11:342 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на, како што велат, обидите на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата ВРЕДИ да ги контролираат албанските гласови, најавувајќи дека на локалните избори на 19 октомври „ќе победи волјата на народот“.

    „Секојпат кога Мицкоски повторува дека нема да има предвремени избори, тој всушност признава страв од неминовниот пораз што го очекува – и тој и неговиот политички инструмент меѓу Албанците, ВРЕДИ“, се вели во соопштението.

    Од ДУИ велат дека ВРЕДИ не е изборот на Албанците, туку „вазална структура инсталирана од ВМРО-ДПМНЕ за да ги држи Албанците покорени“. Како доказ за тоа, од партијата го посочуваат и јавното признание на Изет Меџити дека власта не зависи од албанските пратеници, туку од волјата на Мицкоски.

    „Албанците нема да дозволат да бидат претставувани од такви политички вазали. Гласот на 19 октомври ќе биде толку јасен што ќе го отвори патот за предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението.

    ДУИ истакнува дека веќе 20 години е столб на еднаквоста, интеграцијата и консензуалното одлучување во државата, и дека ќе продолжи да го брани достоинството на Албанците.

    „Албанскиот глас е слободен, суверен и одлучувачки – и тој ќе ја одреди иднината на државата. На 19 октомври, Албанците самите ќе ги изберат своите претставници. Ќе победи волјата на народот“, се наведува во заклучокот на соопштението.

    Популарно

    Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија

    21.03.2026 во 10:47

    Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и индустриски технологии

    21.03.2026 во 10:25

    Спасувачка акција во Струмица: Девојка паднала во провалија, пожарникарите со алпинистичка опрема ја извлекувале

    21.03.2026 во 10:23

    СДСМ: Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство

    21.03.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.