ДУИ: Мицкоски и Апасиев доживеа дебакл, проевропскиот фронт се зголеми

„Демократската унија за интеграција го поздравува новото стабилно парламентарно мнозинство кое синоќа во Собранието се докажа со изгласувањето на новите министри кои ќе бидат дел од владиниот кабинет.

Новиот европски фронт порасна и парламентарните партии веќе се убедени дека на земјата не и требаат блокади, туку мора да оди напред за подобар живот на граѓаните и подобра иднина за новите генерации, заедно со парламентарните партии ориентирани кон европскиот пат, граѓанското општество и академскиот свет.

Синоќа ВМРО - ДПМНЕ и Мицкоски, Левица и Апасиев повторно пропаднаа бидејќи нивните тврдења дека ќе ја урнат Владата и дека имаат 61 пратеници паднаа во вода, уште една нивна лага.

Демократската унија за интеграција преку зајакнувањето на парламентарното мнозинство продолжува со реализацијата на изборната програма, реализацијата на реформите, патот на интеграцијата во ЕУ како и мерките и политиките кои се во интерес на државата и граѓаните.“-стои во соопштението.

28.02.2023 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега