ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите
И во текот на оваа година ќе продолжат успешните економски мерки во земјава. Демократската унија за интеграција од секогаш како приоритетен фокус ја имала грижата за граѓаните, така да од март ќе продолжи реализацијата на нејзиниот политички објектив за зголемувањето на пензиите за околу 7% за близу 330 илјади пензионери. Овие пораки ги испраќаат од ДУИ во соопштение до медиумите.
„Заедно со пензиите се создадени услови за зголемување на минималната плата за 10%, која нема да биде ни помалку ни повеќе од 20 илјади денари, што ќе се усогласи со зголемувањето на платите во сите сектори.
Демократската унија за интеграција активно работи на привлекување на странски инвестиции кои отвораат нови работни места, а со тоа процентот на невработеност во земјава автоматски се намалува, исто така се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки.
Во Буџетот за 2023 година се предвидени 800 милиони евра за капитални инвестиции што ќе резултира со голем економски раст кој според прогнозите на Европската банка за обнова и развој ќе биде околу 2,3%“, стои во соопштението на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа