ДУИ: Го поддржуваме барањето на ССМ за зголемување на минималната плата на 450 евра

 

Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата, велат од ДУИ.

„За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните 7 години, каде што имаме зголемување од над 100% на минималната плата, и покрај тоа што се соочувавме со светската криза од КОВИД-19 и енергетската криза.

ДУИ секогаш во својата Програма еден од главните приоритети го има подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.

Затоа, ДУИ без сомнение го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра“, стои во соопштението на ДИУ.

12.07.2024 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега