ДУИ: ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени
Портпаролот на ДУИ и Министер за надворешни работи, Бујар Османи на својот официјален фејсбук профил објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ доколку опозицијата ги поддржи уставните измени.
„ДУИ: ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.
Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“-напиша Османи.
07.06.2023 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа