Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

    Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

    16.03.2026 во 22:364 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Овен – Самоуверен и амбициозен партнер

    Овните сакаат да го живеат својот живот со полна пареа и брзо. Секако дека флегматичен и незаинтересиран партнер не доаѓа предвид! Тие не сакат да си го трошат времето, туку сакаат партнер кој ќе ги следи во чекор, а уште подобро некој кој ќе го форсира брзото темпо на живот. Секако, тој/таа треба да е стабилен и самоуверен и да не се плаши да ризикува.

    Бик – лојална и романтична личност

    Бикот сака неговиот партнер да не ги трга очите од него и секаде да го следи со поглед. Ако го најдат, засекогаш ќе останат со него. Но, подеднакво им е важен партнер кој исто како нив, домот ќе го стави на прво место. Идеална сродна душа за Биковите е доверлива личност, лојална, амбициозна, но која игра на сигурно и не ризикува. Сакаат и романтични типови кои ќе направат да се чувствуваат како да се единствени на светот!

    Близнаци – партнер полн со многу хумор и паметен

    За Близнаците е многу важно да не им биде здодевно во друштво на партнерот. Тие имаат истенчен вкус при избирањето, па бидете среќни ако токму вам ви закажале состанок! Идеална сродна душа за Близнаците е забавен партнер, паметен и многу интересен. Добро е и ако партнерот се разликува од нив во многу нешта, што ќе ги тера да откриваат и нешто да научат од него.

    Рак – сочувствителна и интелигентна личност

    Раковите имаат големо срце и многу љубов за давање. Ним им е потребен интелигентен партнер, но и посветен за да се чувствуваат посебни покрај него. Важна им е и сочувствителноста, зашто и самите тие не се себични и не сакаат себични луѓе.

    Лав – самоуверен и мистериозен партнер

    Лавот го привлекуваат мистериозни и самоуверени личности. Нивната сродна душа ја гледаат во партнер кој има авантуристички дух, но исто така, партнерот мора да биде и интригантен за постојано да ги држи во „неизвесност“. А на моменти, мора да им се „потчинува“ со зборовите колку се тие прекрасни.

    Девица – софистицирана и комплексна личност

    Идеален партнер за Девицата е личност која е повеќеслојна, комплексна, но многу софистицирана. Но, многу им е важно и партнерот да биде амбициозен за заедно да се туркаат во животот напред. Девиците се „ежат“ на типови кои се излежуваат и не прават ништо (посебно) во животот. Секако, нивниот партнер мора да биде и лојален, какви што се и тие.

    Вага – убава и паметна, речиси совршена личност

    Вагите го избираат најдоброто за себе, тие бараат партнер кој безмалку треба да биде совршен – и убав и паметен и софистициран и самоуверен и успешен… Тие буквално ја сакаат физичката убавина која им е многу важна, но без интелигенција, повторно нема да преземат ништо. Сродна душа за Вагата е онаа која точно знае што тие сакаат!

    Шкорпија – страстна и предизвикувачка личност

    Кога сте со Шкорпија, треба да сте сигурни дека нивната љубов е длабока, интензивна и необична. Тие бараат партнер кој ќе ги охрабрува, турка нанапред и ќе ги предизвикува, личност која исто така, ќе го распламтува нивниот внатрешен оган. Тие сакаат и малку мистерија и интригантност.

    Стрелец – отворена личност со слободен дух

    На Стрелецот му е најважна слободата и независноста и не сака личност која не е позитивна или која се лути. Идеална сродна душа за нив е забавна личност, со отворен ум кон животот. Таа личност никако не смее да им поставува граници, а уште подобро ако има и авантуристички дух и страст за патувања.

    Јарец – горда личност

    Сродната душа за Јарецот е личноста која има многу стил и која знае што сака во животот. Секако, Јарецот бара и интелигенција, но уште поважна му е гордоста кај партнерот. И последно, но не помалку важно, личноста мора да им биде многу лојална!

    Водолија – посветена и забавна личност

    Водолиите сакаат да се забавуваат и бараат друштво за тоа. Затоа, идеалниот партнер за нив мора да биде пред се забавен, но и доволно да им се посвети. Водолиите ги привлекуваат и личности со нагласена смисла за хумор. Ако не можете да ги насмеете, самите шкртнете се од нивниот список!

    Риби – самоуверена и креативна личност

    Рибите живеат во некој свој свет и никогаш животот не го сфаќаат премногу сериозно ни буквално. Идеална сродна душа за нив е партнер со здрава доза на самоувереност, малку „див“ и со креативен ум кој размислува на нелинеарен начин. Важно им е партнерот да биде комуникативен за да можат да разговараат со него и длабоко да ги разбира.

    Популарно

    Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ

    16.03.2026 во 12:51

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари

    16.03.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.