Close Menu
Press24
    Најново

    Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот

    12.03.2026 во 08:54

    Нафтата драстично поскапе – Цените пораснаа преку ноќ

    12.03.2026 во 08:40

    Слета третата група македонски државјани од Блискиот Исток – Муцунски вели безбедноста еостанува врвен приоритет

    12.03.2026 во 08:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
    • Нафтата драстично поскапе – Цените пораснаа преку ноќ
    • Слета третата група македонски државјани од Блискиот Исток – Муцунски вели безбедноста еостанува врвен приоритет
    • Тажна вест: Почина Кили
    • Билтените се полнат со вести за насилства – Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
    • Средношколци од Битола одблизу ја запознаваат работата на Собранието
    • Со години беше во руинирана состојба – реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
    • Државата оддава почит на жртвите од Пулс – Комеморативна седница во Собрание
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државата оддава почит на жртвите од Пулс – Комеморативна седница во Собрание

    Државата оддава почит на жртвите од Пулс – Комеморативна седница во Собрание

    12.03.2026 во 08:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Собранието денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

    Во рамки на одбележувањето, на 14 март Владата ќе организира Меѓународна конференција на тема „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. На конференцијата се очекува да присуствуваат претставници на државните институции, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.

    Како што информираше владината портпаролка Марија Митева, на настанот ќе учествуваат лекари и медицински персонал од 37 земји кои помогнаа во лекувањето на повредените по пожарот. Целта на конференцијата е да се направи сеопфатна анализа на институционалниот и здравствениот одговор на трагедијата – од првичната интервенција и спасувањето животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и идните системски решенија.

    На завршната сесија ќе бидат презентирани и планираните мерки и системски чекори што институциите ги преземаат за унапредување на безбедноста и справувањето со вакви кризни ситуации.

    Во меѓувреме, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во тек е судска постапка.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.