„Државата го уби Оливер по вторпат“: Протест против пресуда од 18-месечна затворска казна за возач кој прегази млад битолчанец

Несреќата се случи во месец јули 2020 година, а пресудата е донесена пред неколку денови. За семејството за трагично загинатиот Оли Петровски кој тргна, но не стигна на работа, казната е ниска.

Неговиот брат Бојан Петровски посочи дека државата го убила Оливер по втор пат.

За прегазувањето на 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет обвинетиот 21-годишен возач на „фолксваген туран“ добил казна затвор од 18 месеци.

„Ви најавувам дека на 21-ви мај (в сабота), во 12 часот напладне, на плоштадот Магнолија во Битола, ќе се одржи протест во моја организација. ФБ Настанот за протестот е на следниот линк: https://www.facebook.com/events/327601906112808?ref=newsfeed

Причините за протестот се следни: пред неколку дена беше објавена срамната пресуда на судијката од Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која го осуди убиецот на мојот брат (кој загина во сообраќајна несреќа во 2020-та година, а за која немаше никаква вина), на срамни 18 месеци затвор“, напиша братот на загинатиот Оливер.

19.05.2022 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега