Прашкаста и грутчеста материја пронашла полицијата кај 47-годишно лице од Струга при претрес во неговото патничко возило. Лицето е лишено од слобода, а на разговор во полиција се повикани уште три лица сопатници во возилото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 1 часот и 40 минути полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ го лишиле од слобода А.Г.(47) од Струга. 

– При извршен преглед во патничко возило „фолксваген туарег“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се прашкаста и грутчеста материја. Во врска со настанот, во полициска станица на разговор се повикани се А.К.(21) и Д.З.(40), двајцата од Струга, како и М.К.(35) од Тетово, кои биле сопатници во возилото, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version