Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот партнер, продуцентот Горан Ратковиќ Рале, го крунисаа своето турбулентно помирување со венчавка на Малдивите минатиот викенд, дознава српски „Курир“.
Венчавката се случила на плажа, иако само пред неколку месеци, кон крајот на август, Ана го пријави Рале за физичко насилство, по што му беше изречена итна полициска мерка.
Венчавка на нејзино барање Изворот објаснува дека Рале ја запросил со прстен, но церемонијата се случила на инсистирање на Ана:
„Таа рекла ‘да’ и дека веднаш ќе оди да се распраша што сè е потребно за да го изговорат судбоносното ‘да’,“ наведува изворот.
Вработените во луксузниот ресорт организирале симболична церемонија за истата вечер, иако бракот на Малдивите не е правно обврзувачки во Србија.
Следен чекор: Општина и манастир Раковица Двојката планира да го официјализира бракот во Србија веднаш по враќањето. Ана веќе го прашувала Рале кога ќе одат во општината, а потоа ќе следи и венчавка во манастирот Раковица.

