Драма за време на полициски час- скопјанец со бомба кашикара им влегол во двор

Скопјанец за време на полициски час влегол во двор каде што седеле две лица и извадил бомба кашикара, по што полицијата го уапсиле.

-На 14.05.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(55) од Скопје, затоа што околу 00.00 часот влегол во двор од куќа на ул.„Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А.(33) и Б.Д.(30), двајцата од Скопје, и извадил бомба кашикара, која успеале да му ја одземат, информираат од МВР.

С.Т. бил приведен во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега