Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и членовите на македонската делегација поминале низ вистинска драма на аеродромот во Вилнус, откако непосредно пред нивното полетување бил активиран безбедносен аларм. Поради инцидентот, воздушниот сообраќај над Литванија бил целосно затворен во времетраење од околу час и половина.
Министерот Андоновски деталите за овој настан ги откри за време на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Информацијата ја откри самиот Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, опишувајќи ја ситуацијата како „предизвикувачка и неочекувана“, иако, како што посочи, македонската делегација претходно разговарала за можни безбедносни ризици поврзани со геополитичката состојба во балтичкиот регион.
Според неговите тврдења, безбедносното предупредување пристигнало симултано кај сите граѓани кои во тој момент се наоѓале на терминалот.
„Во еден момент сите телефони почнаа да ѕвонат со порака за тревога. Воздушниот простор беше затворен и никој не знаеше колку ќе трае ситуацијата. Секако дека кај патниците се почувствува страв и неизвесност“, раскажа Андоновски.
Андоновски упати јавна пофалба до литванските служби за брзата интервенција со која била спречена поголема паника во објектот.
„Мора да се признае дека реакцијата на литванските власти беше на високо ниво. Брзо добивме информации, насоки и уверување дека ситуацијата се следи и контролира“, потенцираше министерот.
Овој настан доаѓа во период на постојана безбедносна будност во балтичките држави поради геополитичките триења со Руската Федерација.


