Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.
А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Муцунски: Нема и нема да има договор со ОК за прием на мигранти или одбиени баратели на азил
- Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029: Потег за почит
- Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
- Зеленски: Основниот пакет документи за мировен план е подготвен
- Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души
- Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија
- Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци
- Повторно блокиран Евзони

