Драма во охридско: Си градел без лиценца - сега ќе го сруши сработеното, откако инспекторите го фатиле на дело
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил изградба на објект од метална конструкција.
При извршен вонреден инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид, констатирал дека пријавениот градежните зафати ги извршил без потребна документација во согласност со Законот за градба.
14.09.2023 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа